Врз основа на член 2 од Законот за локална самоуправа ( Сл.весник на РМ бр.5/02), член 76 од Статутот на општина Неготино (,, Сл.гласник на општина Неготино бр.3/06, 2/11, 9/11, 16/12 ,16/14 ,13/20 и 3/22 ) и член 57 став 1 од Деловникот на општина Неготино ( „ Сл.гласник на Општина Неготино “ бр.3/06 и 2/11), претседателот на Советот на Општина Неготино ја свикува дваесет и шесттата редовна седница на Советот на општина Неготино.
Седницата ќе се одржи во салата на општина Неготино на ден 10.05.2023 ( среда) година во 13.30 часот.
За седницата го предлагам следниот
Д Н Е В Е Н Р Е Д
1. Усвојување на записник од 25 редовна седница на Совет на општина Неготино
2. Предлог- Одлука за за утврдување на Урбанистички проект со план за парцелација со намена Г2-Лесна преработувачка и помалку загадувачка индустрија, за ГП 1 од УПВНМ за изградба на сепаратно построение и погон за бетонски префабриканти, во м.в. „Ливадиште“, КО Криволак, Општина Неготино
3. Предлог – Одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичка планска документација за вклопување на бесправно изградени објекти во урбанистичката планска документација
4. Предлог – Одлука за давање согласност од Советот на општина Неготино за поддршка и кофинасирање на проект
5. Предлог – Одлука за делегирање на надлежностите на Општина Неготино за организирање и реализирање на дел од културните манифестации по Програмата за култура, спорт и соработка со здруженија и фондации на правно лице
6. Предлог – Правилник за начинот и постапката за делегирање на надлежностите на Општина Неготино за организрање и реализирање на дел од културните манифестации по Програмата за култура, спорт и соработка со здруженија и фондации на правно лице
7. Предлог – Одлука за проширување на средства од Буџетот на општина Неготино за 2023 година
8. Предлог – Решение за давање согласност на Годишниот план за вработување за 2024 година на ООУ „ Гоце Делчев “ Неготино
9. Предлог – Решение за давање согласност на Годишниот план за вработување за 2024 година на ООУ „ Страшо Пинџур “ Неготино
10. Предлог – Мислење по Програмата за изведување на ученички екскурзии за учениците од III, VI и IX одделение за ООУ „ Страшо Пинџур “ Неготино за 2022/2023 година
11. Предлог – Одлука за давање на користење на недвижен имот во сопственост на општина Неготино на Спортско планинарско друштво „ СЕРТА “ Неготино
12. Предлог- Решение за именување на членови на Надзорен одбор на ЈУОДГ „ Фемо Кулаков “ Неготино
13. Предлог – Заклучок за усвојување на Финансиски извештај на ЈП „ ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО “ Неготино за периодот од 01.01.2023 до 31.03.2023 година
14. Предлог – Решение зa давање согласност на Одлука за распоредување на добивката за период од 01.01.2022 до 31.12.2022 година на ЈП „ ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО “ Неготино
15. Предлог – Одлука за давање под закуп на недвижен имот – ресторан во склоп на СРЦ „ МЛАДОСТ “ Неготино , сопственост на општина Неготино
16. Предлог – Решение за преотстапување на возило доделено од Агенција за управување со одземен имот
17. Предлог- Решение за доделување на еднократна парична помош
18. Предлог- Решение за доделување на финансиски средства
19. Информација за Иницијатива за изработка на Урбанистички план за подрачј и градби од државно значење за електроцентрали од обновливи извори на енергија во КО Брусник и КО Војшанци, Општина Неготино