Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Совет општина Неготино|

Врз основа на член 2 од Законот за локална самоуправа ( Сл.весник на РМ бр.5/02 и Службен весник на РСМ бр.202/24 ), член 76 од Статутот на општина Неготино (,, Сл.гласник на општина Неготино бр.3/06, 2/11, 9/11, 16/12 ,16/14 , 13/20 и 3/22 ) и член 57 став 1 од Деловникот на општина Неготино (,,Сл.гласник на Општина Неготино “бр.3/06, 2/11 и 7/24 ), претседателот на Советот на Општина Неготино ја свикува 9 редовна седница на Советот на општина Неготино.
Седницата ќе се одржи во салата на општина Неготино на ден 28.05.2026 година ( четврток ) во 15:00 часот.
За седницата го предлагам следниот

Д Н Е В Е Н Р Е Д

1. Усвојување на записник од 8 редовна седница на Совет на општина Неготино

2. Усвојување на записник од 6 вонредна седница на Совет на општина Неготино

3. Предлог – Општински енергетски план за 2027 година на општина Неготино

4. Предлог- Одлука за неспроведување на актот/планот/документацијата заради донесување на нова документација -Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на систем за наводнување – Пепелиште, Општина Демир Капија и Општина Неготино

5. Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за комунални дејности и уредување на градежно земјиште на територијата на општина Неготино за 2026 година

6. Предлог – Програма за општа туристичка пропаганда и информативна дејност на општина Неготино за 2026 година

7. Предлог – Програма за спроведување на превентивна дезинфекција, дезинсекција и дератизација на територијата на општина Неготино за 2026 година

8. Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата за поставување на урбана опрема на територијата на општина Неготино

9. Предлог – Стратегија за развој на зеленило на општина Неготино за периодот од 2026 – 2036 година

10. Предлог – Одлука за утврдување на потребата од воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу општина Неготино и општина Демир Капија

11. Предлог – Одлука за забрана на носење и користење на мобилни телефони во основните училишта на подрачјето на Општина Неготино

12. Предлог – Одлука за изменување на Одлуката за извршување на Буџетот на општина Неготино за 2026 година

13. Предлог- Заклучок за усвојување на Кварталниот извештај на Општина Неготино за период 01.01.2026 – 31.03.2026 година

14. Предлог – Одлука за проширување на средствата на Буџетот на општина Неготино за 2026 година

15. Предлог – Заклучок за усвојување на Извештајот за финансиското работење на ЗЈП Стационар ШЕПА Кавадарци за периодот од 01.01.2026 до 31.03.2026 година

16. Предлог – Заклучок за усвојување на Финансискиот извештај на ЈП „ Паркинзи Неготино “ Неготино за периодот од 01.01.2025 до 31.12.2025 година

17. Предлог – Заклучок за усвојување на Финансискиот извештај на ЈП „ Паркинзи Неготино “ Неготино за периодот од 01.01.2026 до 31.03.2026 година

18. Предлог – Решение за давање согласност на Одлука за примање донација на систем „ Парк Плус “

19. Предлог – Заклучок за усвојување на Финансискиот извештај на ЈП „ Комуналец “ Неготино за периодот од 01.01.2026 до 31.03.2026 година

20. Предлог – Одлука за измена и дополнување на Одлуката за основање на ЈП „ Комуналец “ Неготино

21. Предлог – Одлука за делумно од плаќање на надоместок за уредување на градежно земјиште и уредување на пристапна инфраструктура

22. Предлог – Решение за доделување на еднократна парична помош

23. Предлог – Решение за одбивање на барања за доделување на еднократна парична помош

24. Предлог- Решение за доделување на финансиски средства

Close Search Window