Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Со положување свежо цвеќе на спомен-бистата на Јован Димитров кој трагично го загуби животот во воените конфликти во поранешна Југославија од членови на семејството, делегација од општина Неготино, претставници на боречки клубови и други присутни, започнаа активностите од 10-иот по ред меморијален турнир во борење кој се одржува во чест на Димитров. На турнирот во борење слободен стил учествуваа борачи од 12 клубови од Македонија од повеќе категории, а на истиот присуствуваа претседателот на Боречката федерација на Македонија Дејан Богданов, секретарот Љупчо Лазаревски и Мохамед Ибрагимов-освојувач на бронзен медал на Олимписките игри во Сиднеј. Најдобар млад борач на турнирот беше Башким Сулејмани од БК Шкупи, најдобар техничар Бојана Ковачова од БК Балканец и најдобар борач е прогласен Лазар Стојанов од БК Неготино. На најдобрите им беа доделени медали, дипломи и пехари, а раководството на БК Неготино во знак на благодарност за поддршката за одржување на турнирот благодарници им врачи на градоначалникот на општина Неготино Горан Стојанов во чие отсуство истата ја прими Марија Нацева-секретар на општината и на Роза Јаневска-претседателка на општинскиот Совет.

Close Search Window