![📌](https://static.xx.fbcdn.net/images/emoji.php/v9/tac/1/16/1f4cc.png)
Општина Неготино го поддржува и како локална самоуправа ќе земе активно учество и ќе им овозможи на заинтересираните граѓани од нашата општина да бидат дел од единствениот адреналински натпревар на отворено во Македонија – Триумф.
![➡️](https://static.xx.fbcdn.net/images/emoji.php/v9/t9e/1/16/27a1.png)
Станува збор за натпревар помеѓу општините во Македонија, а за таа цел ги информираме и ги покануваме сите заинтересирани граѓани за учество во шоуто кои ги исполнуваат критериумите да се пријавуваат во општина Неготино.
![➡️](https://static.xx.fbcdn.net/images/emoji.php/v9/t9e/1/16/27a1.png)
Ако сте полнолетни, физички подготвени, ентузијасти по адреналински предизвици, пријавете се за учество во шоуто кое ќе се емитува на You tube каналот на Lazarov и бидете дел од тимот што ќе ја претставува општина Неготино.
![➡️](https://static.xx.fbcdn.net/images/emoji.php/v9/t9e/1/16/27a1.png)
Пријавите можете да ги поднесете на електронската адреса info@negotino.gov.mk или на телефонскиот број 043-361-045 секој работен ден од 08,30 до 15,30 часот.