Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Во организација на општина Неготино на локацијата велосипедска патека „Тимјаничка цуцка“ се реализираше пилот-акција за тестирање на возење на велосипед на лицата со попреченост и лицата со посебни потреби и нивниот одговор во комплетно новата активност за нив – возење на велосипед.

По запознавањето на присутните со коцептот на спроведувањето на пилот-акцијата, градоначалничката на општина Неготино Марија Нацева со внимание го проследи учеството на околу 15 учеснициа кои вршеа тестирање на новите е-велосипеди и е-трицикли од страна на лицата со попреченост, кои притоа ја имаа поддршката на лица волонтери – велосипедисти кои им асистираа на велосипедската патека.

Активностите се реализираа во рамките на проектот „Ламо“ од ЕУ ИНТЕРЕГ ИПА АДРИОН од програмата „Локалните власти на патот кон одржлива мобилност во Јадранско/Јонскиот регион“ чија главна цел е поддршка на велосипедизмот како начин на активен транспорт преку тестирање на возење на велосипед за лица со ограничена мобилност и попреченост и лица со посебни потреби.

Close Search Window