Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Криволак денеска пулсираше во знак на одбележувањето на Меѓународниот ден на Ромите во организација на Хуманитарното здружение ЗРНЦ, а со финансиска поддршка од општина Неготино.

Меѓу другото, се одржа традиционалниот турнир во мал фудбал на кој учество зедоа 10 екипи од кои 6 возрасни и 4 составени од дечиња.

Присутните на настанот имаа можност да проследат интересни фудбалски натпревари, а по завршувањето на истите на најдобрите екипи и поединци им беа доделени дипломи и пехари.

Одбележувањето на Денот на Ромите продолжи со општонародна веселба со заедничко другарување во релаксирана атмосфера и со забава за сите посетители.

Close Search Window