По повод излегувањето на нејзината прва книга со поезија насловена ,, Нераскажани мисли ” денес во работниот кабинет градоначалничката на општина Неготино Марија Нацева ја прими и се задржа во краток разговор со авторката Верица Тодорчева која беше во придружба на својата мајка.
Младата и талентирана Верица од Д.Дисан родена 2011 година е ученичка која ја заврши прва година во СОУ Св. Кирил и Методиј во Неготино, на 15- годишна возраст ја издава својата прва книга со поезија каде преку свои зборови ја споделува љубовта кон пишаниот збор и на која работела 6 месеци, а како што информираше, првата творба ја напишала на 12 години.
Верица беше љубезна и и подари примерок од книгата на градоначалничката Нацева по што Нацева се заблагодари и истакна дека и нејзината и визијата на општина Неготино е поддршка на младите поети и поттик и во иднина да творат на својот мајчин македонски јазик.
