Врз основа на член 62, став 10 од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр.32/20, 111/23, 171/24, 224/24, 40/25, 101/25 и 127/25), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр.5/02), донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Неготино за 2026 година од Совет на Општина Неготино, Градоначалникот на Општина Неготино го дава следното:
С О О П Ш Т Е Н И Е
за јавен увид за
УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН, ЗА НАМЕНА Г4.1 – ОТВОРЕНИ, ПОЛУЗАТВОРЕНИ И ЗАТВОРЕНИ СКЛАДИШТА ЗА ИНДУСТРИСКА СТОКА, ДИСТРИБУТИВНИ ЦЕНТРИ СО СКЛАДОВИ НА КП 1169 И КП1170/1, КО НЕГОТИНО, ОПШТИНА НЕГОТИНО
Граници на проектниот опфат се:
• СЕВЕРОИСТОК – североисточната граница на проектниот опфат ја следи североисточната граница на катастарската парцела КП 1169, КО Неготино
• ЈУГОИСТОК – југоисточната граница на проектниот опфат ги следи југоисточните граници на КП 1169 и КП 1170/1, КО Неготино и истовремено граничи со општинскиот пат Сопот-Криволак
• ЈУГОЗАПАД – југозападната граница на проектниот опфат ја следи југозападната граница на катастарската парцела КП 1170/1, КО Неготино
• СЕВЕРОЗАПАД – северозападната граница на проектниот опфат ги следи северозападните граници на КП 1170/1 и КП 1169, КО Неготино
Површината на проектниот опфат изнесува 7902,60m²(~0,8ha).
Урбанистичкиот проект е објавен на веб страната на општината. Јавниот увид ќе трае 15 дена започнувајќи од 18.08.2026 до 01.09.2026 година. За време на траењето на јавниот увид заинтересираните правни и физички лица подетални информации можат да добијат во Општина Неготино.
Во текот на јавниот увид, забелешките можат да достават сите заинтересирани физички и правни лица на анкетни листови.