Врз основа на член 2 од Законот за локална самоуправа ( Сл.весник на РМ бр.5/02 и Службен весник на РСМ бр.202/24 ), член 76 од Статутот на општина Неготино (,, Сл.гласник на општина Неготино бр.3/06, 2/11, 9/11, 16/12 ,16/14 , 13/20 и 3/22 ) и член 57 став 1 од Деловникот на општина Неготино (,,Сл.гласник на Општина Неготино “бр.3/06, 2/11 и 7/24 ), претседателот на Советот на Општина Неготино ја свикува 12 редовна седница на Советот на општина Неготино.
Седницата ќе се одржи во салата на општина Неготино на ден 27.08.2026 година ( четврток ) во 14:00 часот.
За седницата го предлагам следниот
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на записник од 11 редовна седница на Совет на општина Неготино
- Предлог – Одлука за донесување на предлог план Детален урбанистички план за Урбана единица 4, дел од Блок 13 (помеѓу улиците Маршал Тито, Ставре Ставрев и Ацо Аџи Илов), општина Неготино
- Предлог- Одлука за утврдување на Урбанистички проект со план за парцелација за спојување на ГП 4 И ГП 5 (У3 8, дел од Блок 1) во Неготино
- Предлог – Решение за давање согласност на Годишниот план за вработување за 2027 година на Општина Неготино
- Предлог – Заклучок за усвојување на Квартален извештај на општина Неготино за периодот од 01.01.2026- 30.06.2026 година
- Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата за ЛЕР на општина Неготино за 2026 година
- Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата во областа на образованието во општина Неготино за 2026 година
- Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програма за култура и спорт на општина Неготино за 2026 година
- Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Општина Неготино во областа на социјалната заштита во 2026 година
- Предлог- Програма за изменување на Програма за заштита на животна средина на територијата на општина Неготино за 2026 година
- Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата за комунални дејности и уредување на градежно земјиште на просторот на општина Неготино за 2026 година
- Предлог – Развојна програма за измена на Развојната програма за реконструкција на улица „ Ленинова “ во општина Неготино
- Предлог – Измени и дополнувања на Буџетот на општина Неготино за 2026 година ( ребаланс )
- Предлог- Заклучок за усвојување на Извештај за финансиското работење на ЗЈП „ СТАЦИОНАР ШЕПА “ Кавадарци за периодот од 01.01.2026 до 30.06.2026 година
- Предлог- Заклучок за усвојување на Финансиски извештај на ЈП „ Комуналец “ Неготино за периодот од 01.01.2026 до 30.06.2026 година
- Предлог- Решение за давање согласност на Годишен план за вработување за 2027 година на ЗЈП „ СТАЦИОНАР ШЕПА “ Кавадарци
- Предлог – Одлука за давање на согласност на Одлука за утврдување на висина на надоместокот за јавно зеленило
- Предлог – Стратегија за развој на зеленило во општина Неготино
- Предлог – Решение за давање согласност на Годишниот план за вработување за 2027 година на ЈП „ Комуналец “ Неготино
- Предлог- Решение за давање согласност на Годишниот план за вработување за 2027 година на ОУ „ Музеј на град Неготино “ Неготино
- Предлог- Решение за давање согласност на Годишниот план за вработување за 2027 година на ЈУОДГ „ Фемо Кулаков “ Неготино
- Предлог- Одлука за времен престанок со работа на ПУ с. Курија при ООУ „ Гоце Делчев “ Неготино
- Предлог- Заклучок за усвојување на Годишен извештај за работа на ООУ „ Гоце Делчев “ Неготино за учебната 2025/2026 година
- Предлог- Заклучок за усвојување на Годишна програма за работа на ООУ „ Гоце Делчев “ Неготино за учебната 2026/2027 година
- Предлог- Заклучок за усвојување на Годишна програма за работа на ООУ „ Страшо Пинџур “ Неготино за учебната 2026/2027 година
- Предлог – Одлука за усвојување на Годишниот извештај за работа за учебната 2025/2026 на ЈОУДГ ,, Фемо Кулаков “ Неготино
- Предлог- Одлука за усвојување на Годишната програмата за работа на ЈУОДГ „ Фемо Кулаков Неготино за учебната 2026/2027 година
- Предлог- Решение за давање согласност на Одлуката за утврдување на почетокот и завршетокот на работното време на ЈУОДГ ,,Фемо Кулаков“ Неготино
- Предлог- Решение за давање согласност на Одлука за формирање на воспитни групи со зголемен број на деца во учебната 2026/2027 година во ЈУОДГ „ Фемо Кулаков “Неготино
- Предлог- Одлука за давање согласност на ООУ „ Гоце Делчев “ Неготино за формирање на паралелки со помал број ученици
- Предлог- Одлука за давање согласност на ООУ „ Страшо Пинџур “ Неготино за формирање на паралелки со помал број ученици
- Предлог- Решение за давање согласност на Oдлука за измена и дополнување на Статутот на Локална библиотека „ Страшо Пинџур “ Неготино
- Предлог- Одлука за именување на претседател и членови на Општински совет за безбедност на сообраќајот на патиштата ( ОСБСП ) Неготино
- Предлог – Решение за доделување на еднократна парична помош
- Предлог- Решение за доделување на финансиски средства