ул.Ацо Аџи Илов бр.2 1440, Неготино • +389 043/361 – 045
Република Северна Македонија

Општина Неготино

СоопштенијаНовости

Започна новата учебна година, градоначалничката Нацева ги посети трите училишта во градот

Започна новата учебна година, градоначалничката Нацева ги посети трите училишта во градот

СРЕЌЕН И УСПЕШЕН ПОЧЕТОК НА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА на сите првачиња, ученици, родители и наставници од средното општинско училиште и двете основни училишта во градот и подрачните училишта во населените места им посака градоначалничката на општина Неготино Марија Нацева.

Со големо задоволство градоначалничката Нацева беше меѓу учениците, наставниците и професорите од трите училишта во градот на првиот училишен ден кој носи нова енергија, а почетокот на учебната година секогаш има посебна тежина и возбуда за сите ученици.

На сите ученици им посака да бидат успешни и со радост да ги совладуваат училишните материјали, а секојдневно да ги откриваат убавините на другарувањето, знаењето, љубовта и играта.

Како градоначалник и како локална самоуправа инвестираме во подобрување на условите во училиштата во општината со цел овозможување можности за непречено и квалитетно одвивање на воспитно образовниот процес.

И оваа година општина Неготино додели по 3.000 денари за секое прваче како поддршка за родителите, обезбедивме или сме во фаза на обезбедување на бесплатни училишни униформи за сите ученици од прво до деветто одделение, учебниците се доставени и распределени, а во тек е административна постапка за обезбедување бесплатен оброк за учениците од прво до петто одделение.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email