ул.Ацо Аџи Илов бр.2 1440, Неготино • +389 043/361 – 045
Република Северна Македонија

Општина Неготино

СоопштенијаНовости

Извршен е вовед во работите за реконструкција на уште една улица во населеното место Криволак

Извршен е вовед во работите за реконструкција на уште една улица во населеното место Криволак

Денес заедно со претставници на изведувачот на работите Друштвото за транспорт и услуги ,, EMPAX интертранс ” и надзорот на работите градоначалничката на општина Неготино Марија Нацева беше на терен и се изврши вовед во работите за реконструкција на улица во Криволак на КП 2548 во општина Неготино.

Станува збор за градежни работи во рамките на проектот ,, Унапредување на животниот стандард во Вардарскиот плански регион преку подобрување на патната инфраструктура “.

Вредноста на проектот изнесува вкупно 2.740.656 денари со вклучен ДДВ. Дел од средствата потребни за неговата реализација се обезбедени од Владата на Република Македонија за доделување средства за финансирање на проекти за развој на планските региони, а преостанатиот дел од средствата е обезбеден од општина Неготино како партнер во проектот.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email