Денес ( четврток 03.09.2026 г ) со почеток од 19 часот ќе започне манифестацијата ,, Back to school ” – ,, Враќање во училиште ” која општина Неготино ја организира по повод започнувањето на новата учебна година.
Учениците се вратија во училишните клупи и по летниот распуст сега е период на нивна адаптација, а ние како локална самоуправа организираме настан од забавно музички карактер за нивно опуштање и релаксирање.
За забавата вечер ќе се погрижат DJ DOUBLE ONE, TASKO, а свој настап ќе имаат и 4 маскоти со омилените ликови на најмладите сограѓани.
