ул.Ацо Аџи Илов бр.2 1440, Неготино • +389 043/361 – 045
Република Северна Македонија

Општина Неготино

СоопштенијаНовости

Од 18-ти до 20-ти септември градскиот плоштад во Неготино ќе пулсира во ритамот на кошаркарската игра

Од 18-ти до 20-ти септември градскиот плоштад во Неготино ќе пулсира во ритамот на кошаркарската игра

Во организација на општина Неготино и Локалниот младински совет во текот на три дена ќе се одржува турнирот во кошарка ,, STREETBAL ” 3X3, при што љубителите на кошарката ќе имаат убава можност да присуствуваат на настан исполнет со кошарка, натпревари, атмосфера и жестоки борби за освојување на највисок пласман.

На турнирот ќе се играат натпревари во две категории и тоа машки 16+ и женски 16+ години.
Котизацијата изнесува 3.000 денари по екипа, а обезбеден е награден фонд од 120.000 денари кои ќе бидат распределени согласно пласманот, а ќе се додели и наградата MVP за најдобар играч на турнирот.

Пријавувањето започнува од денес 7-ми септември и ќе трае до 14.09.2026 година. Истото се врши кај лицата Орце Најдов на тел. број 075 266 825 и кај Оливер Јовановски на бројот 078 329 877.

Побрзајте, пријавете екипа и бидете дел од турнирот во улична кошарка кој ќе се одржи во Неготино.

 

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email