ул.Ацо Аџи Илов бр.2 1440, Неготино • +389 043/361 – 045
Република Северна Македонија

Општина Неготино

СоопштенијаНовости

О Г Л А С бр. 01/2026 ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ВРЕМЕНО КОРИСТЕЊЕ НА ПОВРШИНИ ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА УРБАНА ОПРЕМА ВО ДЕНОВИТЕ 21-ВИ, 22-РИ И 23-ТИ СЕПТЕМВРИ 2026 година – НЕГОТИНСКИ ПАНАЃУР 2026

О Г Л А С бр. 01/2026 ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ВРЕМЕНО КОРИСТЕЊЕ НА ПОВРШИНИ ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА УРБАНА ОПРЕМА ВО ДЕНОВИТЕ 21-ВИ, 22-РИ И 23-ТИ СЕПТЕМВРИ 2026 година – НЕГОТИНСКИ ПАНАЃУР 2026

Врз основа на член 80, член 80-а и член 81 од Законот за градење („Службен весник на Република Македонија“ бр. 130/09, 124/10, 18/11, 36/11, 54/11, 13/12, 144/12, 25/13, 79/13, 137/13, 163/13, 27/14, 28/14, 42/14, 115/14, 149/14, 187/14, 44/15, 129/15, 217/15,226/15, 30/16, 31/16, 39/16, 71/16, 132/16, 35/18, 64/18 и 168/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 244/19, 18/20, 279/20, 227/22, 111/23, 224/24, 224/24, 255/24, 3/25, 17/25, 87/25, 101/25, 250/25, 269/25, 51/26 и 134/26), Стаутот на општина Неготино и член 50 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр.5/02 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.202/24) и Програмата за поставување урбана опрема на јавни површини на градежно изградено и уредено земјиште во градското подрачје на територијата на општина Неготино за време на Неготинскиот панаѓур 2026 година (21-ви, 22-ри и 23-ти септември 2026 година) и поставување на урбана опрема за луна парк, донесена од страна на Советот на општина Неготино на ден 11.09.2026 година, гладоначалникот на општина Неготино објавува:

О Г Л А С бр. 01/2026

ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ВРЕМЕНО КОРИСТЕЊЕ НА ПОВРШИНИ ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА УРБАНА ОПРЕМА ВО ДЕНОВИТЕ 21-ВИ, 22-РИ И 23-ТИ СЕПТЕМВРИ 2026 година – НЕГОТИНСКИ ПАНАЃУР 2026

Општина Неготино издава простор за поставување на урбана за комерцијално користење. Локациите за поставување се поделени по следните зони:

1 ЗОНА

Спортска сала „Младост“ – Асфалтирано кошаркарско и фудбалско игралиште, долж градски кеј и асфалтиран дел кај фонтана во спортска сала „Младост“.

Во оваа зона влегуваат следните локации претставени во графичкиот прилог:

  • Локација на кошаркарско игралиште;
  • Локација на фудбалско игралиште;
  • Локација долж патека на градски кеј, при влезот во спортска сала „Младост“, после скалите од левата страна;
  • Локација кај клупите покрај фонтаната, во внатрешниот простор на спортска сала „Младост“, асфалтиран дел.

 

Секое продадено место за тезга за комерцијално работење изнесува 2 должни метри и спрема ова се пресметува цената согласно зона 1. Корисниците на местата предвидени за тезги на градскиот панаѓур не се ограничуваат со број на места кои сакаат да ги купат.

 

2 ЗОНА

 

Земјен дел на Спортска сала „Младост“.

Во оваа зона влегуваат следните локации претставени во графичкиот прилог:

  • Локација земјен дел десно од патот одбележан за возила при влез во спортска сала „Младост“.

 

Секое продадено место за тезга за комерцијално работење изнесува 2 должни метри и спрема ова се пресметува цената согласно зона 2. Корисниците на местата предвидени за тезги на градскиот панаѓур не се ограничуваат со број на места кои сакаат да ги купат.

 

Висината на надоместокот за користење на јавните површини за поставување на урбана опрема за комерцијално користење за времетраење на Неготинскиот панаѓур 2026 во деновите 21, 22 и 23 септември 2026 година година по зони, за еден метар должен изнесува:

 

1 Зона….. 3.000,оо денари,

2 Зона……2.000,оо денари,

 

ЗОНА ЗА ХРАНА

Зоната за храна ќе ги завземе следните локации претставени во графичкиот прилог:

  • Асфалтиран дел кај чешмата за вода, лева страна;
  • Асфалтиран дел кај чешмата за вода, пред скалите;
  • Асфалтиран дел долж патеката паралелно со градскиот кеј, од десната страна, одма до објектот на спортската сала „Младост“.

Висината на надоместокот  за користење на јавните површини за обврзниците кои поставуваат апарати (машини) за правење на крофни, за шеќерен памук и за печење пилиња и скари изнесува 5.000,оо денари од метар должен.

Графички приказ со нумерички ознаки на локациите се дадени во Програмата за поставување урбана опрема на јавни површини на градежно изградено и уредено земјиште во градското подрачје на територијата на општина Неготино за време на Неготинскиот панаѓур 2026 година (21-ви, 22-ри и 23-ти 2026 година) и поставување на урбана опрема за луна парк, донесена од страна на Советот на општина Неготино.

Локациите за поставување на урбаната опрема ќе се издаваат за времетраење од 3 (три) дена.

Во цената за издавање на локација се содржани трошоците за комунална такса, одржување на хигиена, приклучок и трошок за електрична енергија.

Принципот на доделување на локациите за поставување на опремата за издавање на времено користење за добивање на право на поставување на урбана опрема за издавање на времено користење во деновите 21-ви, 22-ри и 23-ти септември 2026 година е по принципот прв дојден прв услужен, поточно објаснето дека предност во добивање на локацијата за поставување на урбаната опрема е правното или физичкото лице кое прво ќе поднесе Барање за добивање на локацијата за времено користење во деновите 21-ви, 22-ри и 23-ти септември 2026 година и на кој барател ќе му бидат исполнети сите услови предвидени во овој Оглас. Како момент од кога ќе се поднесуваат барањата за добивање на локација за времено користење за добивање на право на поставување на урбана опрема за издавање на времено користење во деновите 21-ви, 22-ри и 23-ти септември 2026 година се одредува 14ти септември од 09:00 часот. Почнувајќи од наведениот момент ќе започнат да се примаат барањата за добивање на локација за времено користење во деновите 21-ви, 22-ри и 23-ти септември 2026 година за Неготинскиот панаѓур 2026 година од страна на Комисијата составена од страна на Градоначалникот на општина Неготино со арх. бр. 09-2037/4 од 14.09.2026 година.

Барањата за добивање на локација за времено користење за поставување на урбана опрема за издавање во деновите 21, 22 и 23 септември 2026 година за време на Неготинскиот панаѓур 2026 година, мора да содржат Име и презиме или Назив на фирма на правното лице на барателот, адреса, ЕМБГ или ЕДБ, бараната локација на која сака да се постави опремата, копија од лична карта или тековна состојба. За користење на јавните површини на кои ќе бидат поставувани апарати (машини) за правење на крофни, за шеќерен памук и за печење пилиња и скари, барателите се должни да си обезбедат регистрација или одобрение од страна на Агенција за храна и ветеринарство, согласно видот на храната и активноста. Од страна на Комисијата составена од страна на Градоначалникот при општина Неготино со арх. бр. 09-2037/4 од 14.09.2026 година, точно ќе бидат наведени часот и датумот кога е примено односното барање.

Откако Комисијата составена од страна на Градоначалникот со арх. бр. 09-2037/4 од 14.09.2026 година, ќе го прими и одобри барањето за добивање на локација за времено користење за поставување на урбана опрема за издавање во деновите 21-ви, 22-ри и 23-ти септември 2026 година за време на Неготинскиот панаѓур 2026 година, до барателот се доставува пресметка во која е пресметан и наведен надоместокот кој треба да биде уплатен за користење на јавната површина. Уплатата на износот од пресметката, се смета како услов за користење на јавната површина. Доколку износот не се уплати од страна на барателот, ќе се смета дека го повлекол барањето и местото за користење ќе биде дадено на друг барател.

Доставување на барања

Право да достават барање имаат правни и физички лица и тоа:

  • Правно лице кое има регистрирано деловно седиште во РСМ и кое не е во постапка на стечај или ликвидација (Решение од ЦР на РСМ и кое не е во постапка на стечај или ликвидација – Решение од ЦР на РСМ не постаро од 6 месеци).
  • Сите физички лица кои се заинтересирани за користење на јавната површина за поставување на тезги за Неготински панаѓур 2026 година.

Правното или физичкото лице – барател, има право да аплицира на јавниот оглас за една или повеќе лкации нумерирани во согласност со графичкиот дел од Програмата за поставување урбана опрема на јавни површини на градежно изградено и уредено земјиште во градското подрачје на територијата на општина Неготино за време на Неготинскиот панаѓур 2026 година (21-ви, 22-ри и 23-ти септември 2026 година) и поставување на урбана опрема за луна парк.

Деловните субјекти со седиште во Неготино кои вршат продажба на мало (текстил, пластика, козметика, електрика и слично) и кои ќе поставуваат тезги за време на Неготинскиот панаѓур плаќаат надоместок по повластена цена од 800 денари по метар должен и по оваа цена можат да се закупат максимум 2 метри должина. За секој метар плус се наплаќа по регуларно утврдениот надомест за секоја зона, согласно Програмата за поставување урбана опрема на јавни површини на градежно изградено и уредено земјиште во градското подрачје на територијата на општина Неготино за време на Неготинскиот панаѓур 2026 година (21-ви, 22-ри и 23-ти септември 2026 година) и поставување на урбана опрема за луна парк. Се забранува изнајмување и пренесување на правото на користење локации за поставување на урбана опрема на трети лица.

Понудите ќе се доставуваат од 14.09.2026 година до 23.09.2026 година до 15:00 часот.

Понудувачот треба да достави Барање на унифициран образец. Унифицираниот образец може да се подигне во просториите на општина Неготино или на веб страната на општина Неготино (www.negotino.gov.mk).

  • Графичкиот дел на секоја локација ќе биде јавно истакнат и достапен на јавно место во Општина Неготино и секој може да изврши увид на точната локација.

Барањата треба да се достават до Комисијата составена од Градоначалникот со арх. бр. 09-2037/4 од 14.09.2026 година, со наведување во колку часот е доставено истото.

Прилог 1. Барање за добивање на локација за времено користење за поставување на урбана опрема за издавање во деновите 21-ви, 22-ри и 23-ти септември

 

До                                                              Република Северна Македонија

Oпштина Неготино                                                О П Ш Т И Н А     Н Е Г О Т И Н О

Н Е Г О Т И Н О

 

Примено:
Орг.един. Број Прилог Вредност
       

 

 

 

Б А Р А Њ Е

За добивање на локација за времено користење и поставување на урбана опрема за издавање во деновите 21-ви,22-ри и 23-ти Септември 2026 година за време на Неготинскиот панаѓур 2026 година

 

Име и Презиме/ Назив на фирма на правното лице _____________, со адреса ________________, телефонски број _________________, ЕМБГ/ЕДБ ___________________, барам да ми биде издадена тезга за Неготински панаѓур 2026 на локација/зона ____________, во должина од ________ м2.

 

 

 

Датум и место на поднесување                                                         Барател

_____________ 2026 година                                                   _________________

 

Примено во општина Неготино на ден _______ 2026 година во ______ часот.

 

 

 

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email