Со одигрување на 2 ревијални натпревари меѓу најмладите кошаркарки на КК Спорт тим, како и натпреварот меѓу учениците од ООУ Гоце Делчев и ООУ Страшо Пинџур започна одржувањето на турнирот во улична кошарка во Неготино.
Натпреварувачкиот дел започнува утре (сабота) со почеток од 18,40 часот кога кошаркарите од 12 екипи пријавени за учество ќе ги започнат мечевите од елиминациската фаза поделени во 4 групи од по 3 екипи.
Најдобро пласираните пак, ќе обезбедат учество во нокаут фазата која се игра во недела со почеток од 18, 40 часот, а натпреварувањето ќе кулминира со финалниот натпревар по што ќе биде познат и победникот на турнирот.
Обраќајќи се пред присутните градоначалничката на општина Неготино Марија Нацева го прогласи турнирот за отворен, посака да победи најдобриот тим и додаде дека наградниот фонд изнесува 120.000 денари обезбедени во најголем дел од генералниот покровител општина Неготино и други спонзори, а по завршувањето на натпреварите на најдобрите 3 тимови и индивидуалец ќе им бидат доделени награди, признанија и медали.
