Со цел за збогатување на културно-забавниот живот во градот, општина Неготино ја организира и возобновува манифестацијата Боемска вечер.
Љубителите на убавата песна ќе можат да уживаат во настапот на нашиот сограѓанин Мишко Крстевски -етаблирано име на македонската музичка сцена и Игор Димовски со својот оркестар познат како автор на проектот ,, Пауза за ракија “.
Настанот во четврток ќе започне од 21,00, а општина Неготино ги поканува сите заинтересирани граѓани, љубители на убавата македонска песна, доброто расположение и веселата атмосфера да присуствуваат на Боемската вечер 2026 година.
