ул.Ацо Аџи Илов бр.2 1440, Неготино • +389 043/361 – 045
Република Северна Македонија

Општина Неготино

Соопштенија• Новости

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПРЕДЛОЗИ ЗА ДОБИТНИЦИ НА НАГРАДАТА И ПРИЗНАНИЈАТА ПО ПОВОД 8-МИ НОЕМВРИ

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПРЕДЛОЗИ ЗА ДОБИТНИЦИ НА НАГРАДАТА И ПРИЗНАНИЈАТА ПО ПОВОД 8-МИ НОЕМВРИ

Од понеделник 05.10.2026 г. започна да тече и до четврток 22.10.2026 г. трае рокот за поднесување предлози за добитници на наградата и признанијата по повод празникот на општина Неготино 8-ми ноември – Денот на ослободувањето на Неготино.

Наградата и признанијата по повод 8-ми ноември се доделуваат на поединци, претпријатија, установи, здруженија и заедници и други организации чии дела и резултати во работењето имаат придонесено покрај за нивна лична и за афирмација на општина Неготино.

Право на поднесување на предлози имаат сите заинтересирани граѓани, установи, здруженија, месни заедници и групи граѓани. Пристигнатите предлози најпрво ги разгледува Комисијата за награди и признанија при општинскиот Совет, а конечната одлука за добитниците ја носат советниците во Советот на општина Неготино.

Наградата и признанијата на добитниците ќе им ги додели градоначалничката на општина Неготино Марија Нацева на свечената седница која ќе се одржи по повод 8-ми ноември – Денот на ослободувањето на Неготино.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email