ул.Ацо Аџи Илов бр.2 1440, Неготино • +389 043/361 – 045
Република Северна Македонија

Општина Неготино

Новости• Соопштенија

ВО НЕДЕЛА НА 8-МИ НОЕМВРИ ПО ЧЕТВРТИ ПАТ ЌЕ СЕ ОДРЖИ МАНИФЕСТАЦИЈАТА ,, НЕГОТИНСКО МЛАДО ВИНО “

ВО НЕДЕЛА НА 8-МИ НОЕМВРИ ПО ЧЕТВРТИ ПАТ ЌЕ СЕ ОДРЖИ МАНИФЕСТАЦИЈАТА ,, НЕГОТИНСКО МЛАДО ВИНО “

Општина Неготино и оваа година во месец ноември по 4-ти пат ја организира и ќе се одржи манифестацијата ,, Неготинско младо вино “.

Станува збор за настан кој ќе се одржи на старата градска чаршија во недела на 8-ми ноември со почеток од 13 часот, а манифестацијата е посветена на промоцијата на неготинското младо вино, малите семејни винарии и локалната традиција.

Присутните на старата градска чаршија ќе можат да дегустираат од изложените млади вина, да се запознаат со производите на винариите и да пробаат од традиционалната неготинска храна.

Општина Неготино подготви извонредно богата забавно музичка програма со настап на фолклорниот ансамбл Ацо Ѓорчев, пензионерскиот хор при Здружението на пензионери Неготино, а свој придонес за добрата забава ќе дадат и Трио Гранде и една од најпопуларните пејачки на македонски народни песни Сузана Гавазова.

Општина Неготино упатува јавна покана до сите граѓани од нашата општина, од соседните општини и граѓаните на Македонија во недела на 8-ми ноември да повелат на старата градска чаршија и да уживаат во богатата програма.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email
Новости• Соопштенија
Известување !!!!