Во општина Неготино во тек се средби со жителите на населените места со цел за прибирање предлози и идеи за реализација на проекти со Програмата за работа на општина Неготино и креирање на општинскиот Буџет за наредната година.
Овие јавни консултации им овозможуваат на граѓаните директно да предлагаат проекти, инфраструктурни решенија и приоритети за начинот и целта на трошењето на општинските финансиски средства.
Попладнево и вечерва такви средби се одржаа со жителите на Криволак, Пепелиште, Војшанци и Тремник на кои беа дадени предлози за реализација на проекти со фокус на локалната инфраструктура, улици и патишта, училишта, паркови и зеленило и слично.
