Градоначалничката на општина Неготино Марија Нацева денес во Скопје учествуваше на првиот Форум за енергетска дипломатија – ,, Обновливи извори и жените во енергетиката ” на кој учество зедоа над 200 домашни и странски гости, како и 15 говорници, панелисти и модератори.
Форумот се одржува во организација на Министерството за енергетика, рударството и минерални суровини, а истиот го отвори министерката Сања Божиновска.
Во фокусот на форумот се енергетската безбедност, обновливите извори на енергија, зеленото финансирање, регионалната соработка и женското лидерство во енергетскиот сектор.
