ул.Ацо Аџи Илов бр.2 1440, Неготино • +389 043/361 – 045
Република Северна Македонија

Општина Неготино

Новости

Бројни активности во рамките на одбележувањето на празникот Св. Трифун

Бројни активности во рамките на одбележувањето на празникот Св. Трифун

Имајќи предвид дека организирањето на настаните за одбележување на Св. Трифун е наменето за лозарите и винарите, покрај активностите од агендата за одбележување на ,, Неделата на виното “, градоначалничката на општина Неготино Марија Нацева присуствуваше и на бројни други настани од неформален карактер.

Меѓу другото, Нацева оствари посета на винариите Дане Хермес, винаријата Дисан, како и Вардарска долина каде заедно со големиот број гости од земјава и странство дегустираше од висококвалитетните вина и уживавме во прекрасниот амбиент.

Исто така, градоначалничката Нацева со соработниците беше во посета на с. Војшанци и другаруваше со ловџиите кои изведоа хајка на штетен дивеч, а потоа имаа заеднички ручек во просториите на локалната црква.

Нацева зеде учество и на 11-тата по ред традиционална тура по повод Св. Трифун на релација Неготино -Тимјаничка цуцка -Тремник во долина од 8 километри со учество на планинари од општина Неготино, од други општини од Македонија, како и гости од Србија.

Воедно, присуствуваше и на концертот на Фолклорниот ансамбл Ацо Ѓорчев кој се одржа во салата на неготинската гимназија.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email