Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

ЛЕР и јавни дејности|

   За целите на двата проекти кои општина Неготино ги имплементира,,Заштита на водните ресурси со намалување на човековото влијание врз животната средина”-,,wa-mbrella” и проектот ,,Енергетска ефикасност во прекуграничната област како индикативен фактор на политиката за животната средина ,,-,,енпол-ее,, на ден 27.11.2018   во Солун-Република Грција беше одржан  информативен семинар за Менаџирање со информационен  системи организиран од Заедничкиот  секретаријат   за “ИНТЕРРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка.
Семинарот опфати неколку теми:
– МИС општ опис на системот
– Регистрирање на корисникот и сметковотствено менаџирање ,
– Веб портал презентација,
-Работна средина & МИС Генерални операции,
– Процедура за  Аплицирање на проектни предлози
– Одобрување на поднесената Апликациона форма
– Мониторинг процедура на проектот –Фаза А
– Процедури за проектен мониторинг  
Присуството на овој настан беше искористено за  остварување на договорни средби помеѓу менаџерските тимови на проектните партнери за  проектот ,,wa-mbrella,, и,,енпол-ее,,  од општина Неготино со надворешниот консултант за општините Алмопиа и Пела како прекугранични и водечки партнери во проектите.Во разговорите беа дискутирани клучните активности за суштинско имплементирање на проектот.

 

    

Close Search Window