Денес во општина Неготино градоначалникот на општина Неготино и општинската администрација во салата за состаноци одржаа информативна средба и понудија можност за дирекна посета на терен со заинтересирани компании во врска со Отворената постапка која е во тек , а која се однесува на замена на уличното осветлување со ЛЕД светилки во општина Неготино .Оваа постапка е во рамките на проектот,,ЕНПОЛ-ЕЕ,,ИПА проект за прекугранична соработка со Грција кој предвидува замена на вкупно 1410 во општина Неготино и тоа 1100 на 67 улици и локации во градот ( утврени со распоред) и 310 во селата:Тимјаник, Пепелиште и Криволак .По завршување на постапката во периодот кој следува ќе се започне со дирекна имплементација на оваа компонента од проектот,,ЕНПОЛ-ЕЕ,,