Врз основа на член 52 став 1 од Законот за административни службеници (,,Сл.весник на РМ,, бр.27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18 и (,,Сл.весник на Република Северна Македонија,, број 275/2019 и 14/2020)),Секретарот на општина Неготино во постапка на вработување административен службеник преку Интерен оглас , ја донесе следната
О Д Л У К А
За избор на административен службеник по пат на интерен оглас
1.По интерниот оглас бр.01/2021 објавен на 12.04.2021 година за вработување на административен службеник во општинската администрација на општина Неготино во Одделението за локален економски развој, Сектор за урбанизам и заштита на животната средина, комунални работи и сообраќај и локален економски развој, со назив на работно место – Советник за управување со проекти и шифра на работно место УПР 01 01 В01 000 се избира административниот службеник Лидија Нечева.
2.По завршувањето на постапката за избор и конечноста на оваа одлука, ќе се донесе соодветно решение за вработување со избраниот административен службеник.
3.Оваа одлука влегува во сила со денот на донесувањето.
О б р а з л о ж е н и е
Агенцијата за администрација по барање на општина Неготино на својата интернет страница објави интерен оглас бр.01/2021 година на ден 12.04.2021 година за вработување на административен службеник во општинската администрација на општина Неготино во Одделението за локален економски развој, Сектор за урбанизам и заштита на животната средина, комунални работи и сообраќај и локален економски развој, со назив на работно место – Советник за управување со проекти и шифра на работно место УПР 01 01 В01 000.
Комисијата за селекција на административен службеник на ден 22.04.2021 година во 11:30 часот спроведе административна селекција по интерен оглас, при што се утврди дека уредно доставени документи имаше единствениот кандидат Лидија Нечева. Истиот ден во 12:00 часот се спроведе и интервју со единствениот кандидат согласно Законот за административни службеници. По спроведеното интервју , Комисијата изготви ранг листа, врз основа на која Секретарот на општина Неготино изврши избор како во дипозитивот на оваа одлука.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против оваа одлука кандидатот има право да поднесе жалба до Агенцијата за администрација Скопје во рок од 8(осум) дена од објавување на одлуката на ВЕБ страницата на институцијата.