Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Вести, Совет општина Неготино|

 Врз основа на член 2 од Законот за локална самоуправа  ( Сл.весник на РМ бр.5/02), член  76 од Статутот на општина Неготино  (,, Сл.гласник на општина Неготино  бр.3/06, 2/11, 9/11, 16/12 ,16/14 и  13/20) и член  57 став 1 од Деловникот на општина Неготино ( „ Сл.гласник на  Општина Неготино “ бр.3/06 и 2/11), претседателот на Советот на Општина Неготино ја свикува седмата редовна седница на Советот на општина Неготино.
 Седницата ќе се одржи во салата на општина Неготино на ден 15.03.2022 година   (вторник) во  09:30 часот.
  За седницата го предлагам следниот


Д Н Е В Е Н   Р Е Д

1.    Усвојување на записник од 6 редовна седница на Совет на општина Неготино
2.    Предлог- Статутарна одлука за измена и дополнување на Статутот на општина Неготино
3.    Предлог- Програма за изменување и дополнување на Програмата за комунални дејности и уредување на градежно земјиште на просторот на Општина Неготино за 2022 година
4.    Предлог- Програма за изменување и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на просторот на Општина Неготино за 2022 година
5.    Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за енергетска ефикасност за 2022 година
6.    Предлог- Програма за изменување и дополнување на програмата за поставување урбана опрема на територијата на Општина Неготино
7.    Предлог- Заклучок за усвојување на Квартален извештај за извршување на буџетот на Општина Неготино за периодот 01.01.2021 – 31.12.2021 година
8.    Предлог- Заклучок за усвојување на Извештај за извршен годишен попис на Општина Неготино за 2021 година
9.    Предлог- Заклучок за усвојување на Годишна сметка на буџетот на општина Неготино за 2021 година
10.    Предлог – Заклучок за усвојување на Интегриран извештај за доставените финансиски извештаи на спортските клубови од општина Неготино за 2021 година
11.    Предлог – Одлука за утврдување на нацрт план , Детален урбанистички план за дел од УЕ.6, дел од блок 20 ( помеѓу улиците „ Никола Карев “, „ Ленинова “ и „ Климентова “) КО Неготино, Општина Неготино

12.    Предлог – Одлука за донесување на ДУП за Урбана единица 3, дел од блок 11( ДУП за УЗ.3 дел од урбан блок 3.1 ) помеѓу улиците                „ Едвард Кардељ “ , „ Македонски бранители “ , „ Тиквешка “ и обиколница, општина Неготино
13.    Предлог – Решение за именување на членови на заедничката Комисија за меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Кавадарци и Општина Неготино
14.    Предлог – Одлука за формирање на заедничка комисија за подготовка на актите за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу општина Кавадарци и општина Неготино
15.    Предлог – Одлука за отпочнување на активности за ажурирање на процената на загрозеност на подрачјето на општина Неготино за 2022 година од сите ризици и опасности
16.    Предлог – Решение за давање на согласност на измена и дополнување на годишниот план за вработување за 2022 година на ОУ „ Музеј на град “ Неготино
17.    Предлог- Решение за давање согласност на Годишен план за вработување за 2023 година на СОУ „ Св. Кирил и Методиј “ Неготино
18.    Предлог – Заклучок за усвојување на финансиски извештај на ЈП     „ ПАРКИНЗИ “ Неготино за периодот од 01.01.2021 – 31.12.2021 година
19.    Предлог – Заклучок за усвојување на финансиски извештај на ЈП     „ Комуналец “ Неготино за периодот од 01.01.2021 – 31.12.2021 година
20.    Предлог- Заклучок за усвојување на Годишниот извештај за работа на Отворениот граѓански универзитет „ Неготино “ Неготино за 2021 година
21.    Предлог –  Решение за доделување на финансиски средства
22.    Предлог – Решение за доделување на еднократна парична помош

Close Search Window