Врз основа на член 40 став 1 од Законот за локална самоуправа ( „ Службен весник на РМ “ бр.5/02 ) , член 77 став 1 и став 2 од Статутот на Општина Неготино ( „ Службен гласник на Општина Неготино “ бр. 3/06, 2/11, 9/11, 16/12, 16/14 , 13/20 и 3/22 ) и член 57 став 3 од Деловникот на Општина Неготино ( „ Службен гласник на Општина Неготино “ бр. 3/06 и 2/11 ) , претседателот на Советот на општина Неготино го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
За свикување на осма вонредна седница на Советот на општина Неготино
Вонредната седница ќе се одржи во салата на Општина Неготино на ден 26.08.2022 година ( петок ) во 13:30 часот . За седницата го предлагам следниот
Д Н Е В Е Н Р Е Д
1. Усвојување на записник од 7 вонредна седница на Совет на Општина Неготино
2. Предлог – Програма за изменување на Програмата за комунални дејности и уредување на градежно земјиште на просторот на општина Неготино за 2022 година
3. Предлог – Решение за давање согласност на Годишен план за вработување на Општина Неготино за 2023 година
4. Предлог – Решение за давање согласност на Годишен план за вработување за 2023 година на ЈУОДГ „ Фемо Кулаков “ Неготино
5. Предлог – Решение за давање согласност на Годишен план за вработување за 2023 година на ООМУ „ Владимир Арсовски “ Неготино
6. Предлог – Решение за давање согласност на Годишен план за вработување за 2023 година на Локална Библиотека „ Страшо Пинџур “ Неготино
7. Предлог – Решение за давање согласност на Годишен план за вработување за 2023 година на ЈП„ ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО “ Неготино
8. Предлог – Решение за давање согласност на Годишен план за вработување за 2023 година на ЈП „ Комуналец “ Неготино
9. Предлог – Одлука за давање на согласност на Одлука за зголемен број на деца во ЈУОДГ „ Фемо Кулаков “Неготино
10. Предлог – Решение за давање согласност на Одлука за утврдување на почетокот и завршетокот на работното време на ЈОУДГ ,,Фемо Кулаков“ Неготино
11. Предлог – Одлука за давање согласност на ООУ „ Гоце Делчев “ Неготино за формирање на паралелки со помал број ученици
12. Предлог – Одлука за давање согласност на СОУ „ Св. Кирил и Методиј “ Неготино за формирање на паралелки со помал број ученици
13. Предлог – Заклучок за усвојување на Годишен извештај за работа на ООУ „ Гоце Делчев “ Неготино за 2021/2022 година
14. Предлог – Заклучок за усвојување на Годишна програма за работа на ООУ „ Гоце Делчев “ Неготино за 2022/2023 година
15. Предлог – Заклучок за усвојување на Годишен извештај за работа на ООМУ „ Владимир Арсовски “ Неготино за 2021/2022 година
16. Предлог – Заклучок за усвојување на Годишна програма за работа на ООМУ „ Владимир Арсовски “ Неготино за 2022/2023
17. Предлог – Заклучок за усвојување на Годишен Извештај за работа на ООУ „ Страшо Пинџур“ Неготино за 2021/2022 година
18. Предлог – Заклучок за усвојување на Годишна програма за работа на ООУ „ Страшо Пинџур“ Неготино за 2022/2023 година