Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Над стотина ученици од двете основни училишта и средното општинско училиште во Неготино денес земаа учество на традиционалните улични трки кои се организиираа по повод одбележувањето на празникот на градот 8 Ноември.

Истите се натпреваруваа во категорија машки и категорија женски.

ООУ „ Страшо Пинџур “ учество зема со 70 ученици, ООУ „ Гоце Делчев “ учество зема со 70 ученици и СОУ „ Св. Кирил и Методиј “ зема учество со 60 ученици.

За најдобрите учесници следуваа дипломи и медали кои ги додели градоначалникот Горан Стојанов.

Close Search Window