Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Култура|

  Од 21 август (вторник) започна овогодинешното издание на турнирот во улична кошарка “Street Ball 2012”. Покрај одличната организација, белег на турнирот е и големото внимание кое што го предизвика истиот и големиот број на пријавени екипи, односно: во категоријата до 12 години се пријавени 6 екипи, во категоријата до 18 години пријавени се 14 екипи, а во категоријата над 18 години 6 екипи. Во женска конкуренција се пријавени 4 екипи, или вкупно во машка и женска конкуренција 30 екипи и преку 120 директни учесници на турнирот. Во рамките од првиот ден на турнирот покрај домашните екипи учество зедоа и екипи од Кавадарци и Велес.
Пред преполното гледалиште турнирот за отворен го прогласи градоначалникот на општината, г-нот Пане трајков, кој на сите учесници им посака успех и одлични натпревари и рече дека ќе настојува традицијата на одржување на овој турнир да продолжи и во иднина.
Натпреварите од турнирот продолжуваат и на 22 и 23 август кога на програмата ќе бидат и полуфиналните и финалните натпревари во сите конкуренции.

Close Search Window