Со низа пригодни активности во Неготино се одржаа шестите по ред Џидимирски средби.со присуство на поранешни жители на селото, нивните потомци и други гости од земјава и странство.
Како градоначалник на општина Неготино ја имав честа заедно со директорката на Музејот Драгица Чекорова и претседателот на Форумот за Џидимирци Јован Лазарев да ја отвориме и ставиме во функција сталната поставка Џидимирска соба во која се изложени експонати донирани од џидимирчани.
За посебниот придонес за реализацијата на проектот од име на општина Неготино и градскиот Музеј на почесниот граѓанин на Неготино Тасе Лазовски му доделивме благодарница. Во продолжение присуствував и на официјалната средба која се одржа во нашиот град и заедно со останатите присутни со внимание ја проследивме и уживавме во богатата културна уметничка програма.