ул.Ацо Аџи Илов бр.2 1440, Неготино • +389 043/361 – 045
Република Северна Македонија

Општина Неготино

СоопштенијаЛЕР и јавни дејности

JАВЕН ПОВИК за ангажирање на 3 (три) лични асистенти за потребите на проектот ,, Elder Care”

JАВЕН ПОВИК за ангажирање на 3 (три) лични асистенти за потребите на проектот ,, Elder Care”

РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
ОПШТИНА НЕГОТИНО

Општина Неготино, како партнер 4 на проектот ,,Еднаков пристап до здравствена заштита за повозрасната популација во прекуграничната област: соочување со предизвикот на деменција“ со акроним „Elder Care“
(во понатамошниот текст – проект „Elder Care“), на ден 02.07.2026 година објавува:

JАВЕН ПОВИК за ангажирање на 3 (три) лични асистенти
за потребите на проектот ,, Elder Care”

4 Договори се дел од
Д.4.1. Еднаков пристап до здравствена заштита за повозрасната популација во прекуграничната област: соочување со предизвикот на деменција“ со акроним „Elder Care“ се имплементира во рамките на програмата ,,ИНЕРЕГ ИПА ЦБЦ Грција-Република Северна Македонија 2021-2027” и е ко-финансирана од Европската Унија и со национални фондови на земјите учеснички

1. Три лични асистенти за основна медицинска/ физичка асистенција на возрасни лица (лица со деменција) или лица со попреченост во домашни услови за обезбедување на домашна нега за целната популација. Асистентите ќе бидат ангажирани четири часа, пет работни денови неделно во домовите на корисниците – дел од мобилната единица на општина Неготино,
(Ангажманот на лицето е на определено време од мин. 4 до макс.18 месеци со половина работно време. Месечен надоместок со персонален данок за позицијата изнесува 270 евра.)
Ангажманот на лицата е на определено време од мин. 4 до макс.18 месеци со скратено работно време. Месечен надоместок со персонален данок за позицијата изнесува 270 евра. Почетокот на работниот ангажман ке биде дополнително утврден согласно Договор)
Интерес за учество можат да најават сите заинтересирани невработени лица со и без работно искуство.

Сите заинтересирани кандидати за вклучување во проектот потребно е да достават:
• Биографија на македонски и англиски јазик (пожелно е наведените знаења, вештини и поминати обуки во биографијата да бидат поткрепени со соодветни потврди, дипломи или сертификати);
• Потврда за невработеност од Агенцијата за вработување – Центар во Неготино;
• Фотокопија од документ за идентификација (лична карта или пасош);
• Доказ за завршено образование (диплома или уверение).
Кандидатите за наведените позиции треба да се невработени и да ги исполнуваат општите и специфични критериуми:
За сите позиции:

– завршено средно образование ССС;
– поседување на сертификат за завршена обука за лична асистенција се смета за предност;
– работно искуство во областа за која е назначен работниот ангажман се смета за предност.

Кандидатите потребните документи потребно е да ги достават на следнава адреса:

Општина Неготино
ул. „ Ацо Аџи Илов“ бр. 2
1400 Неготино

со назнака „за јавен повик за аплицирање на кандидати за ангажман на проект „Elder Care“во Општина Неготино“ или директно во Одделението за човечки ресурси во Општина Неготино.
Краен рок за пријавување на кандидатите е 10 (десет) работни дена од денот на објавување на повикот или најкасно до 15.07.2026 година до 15 часот.
По истекот на рокот за доставување на документи, сите кандидати кои во рок поднеле уредна документација ќе бидат дополнително повикани на интервју во просториите на Општина Неготино.
Селекцијата на кандидатите ќе се врши од страна на стручна Комисија формирана од Градоначалникот.
Кандидатите се охрабруваат да ја посетат интернет страната на Општина Неготино www.negotino.gov.mk, од каде можат да добијат информации за проектот, неговата цел и проектни активности во Oпштина Неготино.

Jaвен повик 3 асистенти

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email