По повод одбележувањето на еден од најголемите христијански празници Вознесение Христово – Спасовден денес градоначалничката на општина Неготино Марија Нацева оствари посета на населени места во општина Неготино каде локалното население традиционално се собира за овој празник, при што денот е исполнет со значајни верски, народни и културни обичаи.
Во рамките на посетата градоначалничката Нацева оствари средби со мештаните на кои се разговараше за проектите кои се реализирани во нивното село и придобивките кои тие ги чувствуваат, разговараше за проблемите со кои се соочуваат со цел за изнаоѓање решение за нивно надминување, како и за се она што им е потребно да имаат соодветни услови за живеење и егзистирање.
Градоначалничката Нацева на сите граѓани на општина Неготино им го честита големиот христијански празник Спасовден со желби за многу здравје и среќа.


