Градоначалничката на општина Неготино Марија Нацева денес присуствуваше на отворениот ден во СОУ„Св.Кирил и Методиј“ во нашиот град кое ширум ги отвори вратите за сите заинтересирани ученици и родители кои имаа можност да се запознаат со условите за запишување, квалификациите кои ги нуди училиштето, наставниот план и програма, да направат увид во условите за престој и учење, како и во ресурсите и опремата кои им се на располагање на професорите и учениците.
На поставените штандови, професорите и актуелните ученици, на идните средношколци им ги презентираа постојните профили, расположливите технички и просторни услови со кои располага училиштето, а на учениците кои имаа потреба, им беше овозможено да разговараат за се што ги интересира со предметните професори. Идните средношколци имаа можност да се информираат и за предностите што ги нуди училиштето за понатамошно студирање или вработување.
Во обраќањето пред присутните, градоначалничката Нацева потенцираше дека квалитетните услови за реализирање на образовниот процес и добрите технички насоки се исклучително важен дел при изборот на учениците во кое училиште ќе го продолжат средното образование, а токму неготинското средно училиште ги нуди најсовремените услови за одвивање на образовниот процес и токму затоа Нацева ги охрабри присутните ученици да го направат вистинскиот избор и средното образование да го продолжат во СОУ„Св.Кирил и Методиј“ во Неготино.



