Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

По долги години чекање, жителите на Тремник добија нова, современа, модерна и според сите стандарди реконструирана и асфалтирана улица во должина од 832 метри и ширина од 5,5 метри.

Со завршувањето на овој инфраструктурен зафат – „Реконструкција на улица 1 во Тремник“, на жителите им е олеснато секојдневното движење, зголемена е  безбедноста на учесниците во сообраќајот и подбрени се  условите за живеење во селото.

Финансиските средства потребни за реализацијата на проектот во висина од 8.686.501 денари со вклучен ДДВ се обезбедени од Меѓународната банка за обнова и развој-Светска банка  за Проектот за поврзување на локални патишта преку Министерството за транспорт при Владата на Република Македонија.

Општина Неготино продолжува и во иднина со инвестирање во патната и комуналната инфраструктура во сите населени места на територијата на нашата општина.

Close Search Window