Денес точно напладне на градскиот плоштад дел од матурантите од СОУ „ Св. Кирил и Методиј “ од Неготино го одиграа традиционалниот матурски танц.
Градоначалничката на општина Неготино Марија Нацева на сите матуранти – млади луѓе полни со позитивна енергија подготвени да зачекорат кон нови почетоци и предизвици кои ги очекуваат во наредниот период им го честиташе матурирањето и влегувањето во светот на возрасните, со желби за добро здравје и среќа во животот, како и успех на личен и професионален план.
Притоа, градоначалничката Нацева го изрази убедувањето дека најголемиот дел од матурантите ќе го продолжат сопственото образование на една од високообразовните установи во Република Македонија и на тој начин ќе создадат предуслови за надградба на знаењата кои несомнено ќе им бидат од голема корист при реализирањето на идните работни и животни кариери.
Честитки до матурантите упати и директорката на СОУ „Св. Кирил и Метиодиј “ Сузана Стоева.



