Во предвечерието на 24-ти мај – Денот на сесловенските просветители Светите браќа Кирил и Методиј, со низа активности се одбележа патрониот празник на СОУ „Св. Кирил и Методиј“ од Неготино.
Во обраќањето пред присутните градоначалничката на општина Неготино Марија Нацева истакна дека со празнувањето им се оддава почит на Кирил и Методиј како основоположници на словенската писменост и литература, основачи на првата словенска азбука, заслужни за културниот развој како на македонскиот, така и на сите словенски народи со овозможување самите да си ја пишуваат својата историја.
На учениците од неготинското средно училиште, Нацева им порача да продолжат да ги надградуваат своите знаења, да напредуваат и во блиска иднина да станат интелектуално силни личности кои ќе дадат сопствен влог и придонес во напредокот на општина Неготино и Република Македонија.
Присуството на настанот градоначалничката Нацева го искористи на Маријана Николова – ученик на генерацијата 2022/2026 година да и врачи вредносен ваучер од 10.000 денари-средства од Буџетот на општина Неготино.
Пригодно обраќање имаше и директорката на училиштето Сузана Стоева која на ученици кои на државни натпревари освоиле прво, второ и трето место им додели благодарници, а сите присутни заедно имавме можност да ја проследиме богатата културно-уметничка програма.
Нека ни е честит Денот на Св. Кирил и Методиј, патрониот празник на училиштето и Денот на просветните работници !


