Во рамките на одбележувањето на Денот на македонската полиција, денеска во Неготино се одржа кондиционен полициски марш што го организираше Синдикатот на македонската полиција.
Покрај бројните учесници – припадници на полицијата, учество во маршот зеде и министерот за внатрешни работи во Владата на Република Македонија г-дин Панче Тошковски.
Маршутата по која се одвиваше маршот беше во должина од 3,5 километри со пристигнување на крајната дестинација – прекрасниот неготински манастир Св.Ѓорѓи.


