Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Градоначалничката на општина Неготино Марија Нацева присуствуваше на настан посветен на одбележување на постигнувањата од страна на општините и планските региони во Македонија како учесници во програмата финансирана од Европската унија преку проектот ,, ЕУ за општините “.

На настанот присуствуваа претставници од општините, планските региони, министри во Владата, меѓународни партнери кои го поддржуваат локалниот развој, како и претставници на Делегацијата на Европската унија во нашата држава и други донатори.

Со овој настан се одбележаа 6 години континуирана поддршка од Европската унија за општините преку програмата ,, ЕУ за општините ” – период во кој беа постигнати значајни резултати во зајакнувањето на институционалните капацитети, унапредувањето на локалните услуги и продлабочување на меѓуопштинската соработка на национално ниво.

 

Close Search Window