Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Општина Неготино во соработка со Министерството за транспорт ја заврши реализацијата на еден исклучително комплексен зафат кој се однесуваше на реконструкција на улицата  „29-ти ноември“ во нашиот град.

Имено, градежни активниости се одвиваа на 3 краци од оваа улица и тоа во првата фаза се изврши промена на комплетната канализациона и  атмосферска мрежа, а се изврши и промена на старите и дотраени азбестни цевки со нови, по што се поставија и приклучоци.

По завршувањето на овие градежни работи, се пристапи кон финализирање на работите преку комплетно асфалтирање на целата улица во должина од 724 метри.

Вредноста на проектот изнесува 28.587.448 денари и е  финансиран од Министерството за транспорт при Владата на Република Македонија.

Close Search Window