Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Денеска во работниот кабинет градоначалничката на општина Неготино Марија Нацева ги прими и оствари средба со учениците и нивните ментори од медиумската секција при Основното училиште ,, Веселин Ханчев ” од Стара Загора – Бугарија.

Тие веќе извесен период престојуваат во нашиот град и се гости на СОУ ,, Св. Кирил и Методиј ” остварувајќи соработка, размена на искуства и споделување информации со учениците и нивните ментори од неготинското средно училиште.

Во рамките на соработката остварени се неколку заеднички работилници преку взаемно запознавање, средба со новинар, размена на искуства околу подготовката на училишен весник и слично.

Активностите се дел од програмата за училишна размена на Европската унија – Еразмус плус. Градоначалничката Нацева им честиташе за трудот кој го вложуваат во овој заеднички проект и им посака да имаат уште многу вакви и слични продуктивни средби и работилници.

Close Search Window