Со комплетно асфалтирање на улица завршија градежните работи кои веќе извесен период се одвиваа на терен и се однесуваат на реконструкција и асфалтирање на уште една улица во Криволак на КП 2548.
Станува збор за градежни работи во рамките на проектот ,, Унапредување на животниот стандард во Вардарскиот плански регион преку подобрување на патната инфраструктура “.
Вредноста на проектот изнесува 2.740.656 денари со вклучен ДДВ. Дел од средствата за негова реализација се обезбедени од Владата на РМ за доделување средства за финансирање на проекти за развој на планските региони, а преостанатиот дел од средствата е обезбеден од општина Неготино како партнер во проектот.
