ул.Ацо Аџи Илов бр.2 1440, Неготино • +389 043/361 – 045
Република Северна Македонија

Општина Неготино

Соопштенија• Новости

35 ГОДИНИ ОД ЗАГИНУВАЊЕТО НА НАШИОТ СОГРАЃАНИН ЈОВАН ДИМИТРОВ И ТУРНИР ВО БОРЕЊЕ ВО НЕГОВА ЧЕСТ

35 ГОДИНИ ОД ЗАГИНУВАЊЕТО НА НАШИОТ СОГРАЃАНИН ЈОВАН ДИМИТРОВ И ТУРНИР ВО БОРЕЊЕ ВО НЕГОВА ЧЕСТ

На денот кога се навршуваат 35 години од загинувањето на Јован Димитров кој животот го загуби во воениот конфликт на просторот на поранешна Југославија, пред неговото вечно почивалиште заедно со неговите најблиски, роднини и пријатели беше положено свежо цвеќе одавајќи му достојна почит.

Како и во изминатите 35 години, денес, но и во иднина, наша должност и обврска е да продолжиме да ги негуваме сеќавањата на Јован.

Во негова чест, а како поранешен борач, се одржа 13-иот по ред меморијален турнир во борење ,, Јован Димитров ” во организација на БК Неготино, општина Неготино и Боречката федерација на Македонија на кој учество зедоа борачи од повеќе клубови од државата.

Општина Неготино како покровител на настанот за најуспешните обезбеди дипломи, пехари и медали за најдобрите тројца во своите категории, а во знак на благодарност за поддршката, на градоначалничката на општина Неготино Марија Нацева и беше врачена пригодна плакета.

Иако Димитров не е меѓу нас, наша должност и обврска е преку вакви настани да продолжиме да ги негуваме сеќавањата на него, истакна Нацева.

НЕКА ПОЧИВА ВО МИР И ВЕЧНА МУ СЛАВА !

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email
Соопштенија• Новости
АСФАЛТИРАНА УШТЕ ЕДНА УЛИЦА ВО КРИВОЛАК