Денес како градоначалник на општина Неготино присуствував во ООУ Гоце Делчев во нашиот град и со задоволство и внимание ги проследив активностите кои се реализираа по повод одбележувањето на ,, Неделата на детето “.
Сите присутни на настанот имавме пријатна можност да уживаме во изведбите на учениците подготвени со поддршка од своите наставници.
Исто така, се одржа и свечениот чин на влегување на првачињата во Детската организација со полагање на свечената заклетва.
