По децении, започнавме со изведување на градежни работи за реконструкција со рехабилитација на главната и најфреквентна улица Маршал Тито во Неготино.
Комплетно ќе се реконструира оваа улица на потегот од Градската библиотека се до новиот кружен тек на излезот од Неготино кон Кавадарци.
Вредноста на проектот изнесува 16.000.000 денари обезбедени од Владата на Република Македонија преку аплицирање на општина Неготино со проект од вториот јавен повик за реализација на проекти во општините.
