Денес, во салата на Општина Неготино, се одржа третата координативна работилница посветена на подготовката на Стратегијата за локален економски развој на Општина Неготино за периодот 2027–2031 година, во организација на Ресурсниот центар при Министерството за локална самоуправа.
На работилницата, покрај претставниците на Општина Неготино, учествуваа и претставници од уште 11 општини, кои во рамки на процесот на подготовка на своите стратешки документи разменија искуства, информации и добри практики во областа на локалниот економски развој.
Работилницата беше посветена на финализирање на клучните делови од стратешкиот документ, со посебен акцент на комплетирањето на акцискиот план, финансиската рамка, утврдувањето на индикаторите, како и дефинирањето на механизмите за мониторинг и следење на спроведувањето на предвидените активности. Воедно, беше направена и првична проверка на целокупниот документ.
Оваа работилница претставува продолжение на претходно спроведените активности во рамки на втората координативна работилница и последователниот процес на подготовка на стратешкиот документ.
Преку размена на информации, мислења и презентација на досега подготвените материјали, учесниците придонесоа кон усогласување и унапредување на документот, кој ќе претставува важна основа за планирање и реализација на приоритетите за локален економски развој на Општина Неготино во наредниот петгодишен период.
