Денес 25 јуни 2026г. се навршуваат точно 25 години од загинувањето на македонскиот бранител Косте Волканоски кој трагично го загуби животот на денешен ден 2001г. бранејќи ја татковината за време на воениот конфликт.
Македонскиот бранител Волканоски беше специјалец во ПЕП и учесник во воениот конфликт во 2001 година, а загина на 21 јуни пред 25 години на Попова шапка од 120 милиметарска граната испукана од албанските терористи од селото Бродец.
Во негова чест, денес пред спомен бистата на Волканоски во кругот на Полициската станица во Неготино свежо цвеќе положија членовите на неговото потесно семејство, градоначалничката на општина Неготино Марија Нацева, припадници на ОВР Неготино, членови на Полицискиот синдикат, резервни воени старешини, претставници на АРМ и други.
Беше испратена порака да не се дозволи да се избришат спомените за Косте Волканоски, а токму преку оддавањето почит пред неговата спомен биста се покажува дека тој се уште е присутен во сеќавањата на најблиските, колегите и општествената заедница.
