На покана на колегата градоначалник на општина Конче, денес градоначалничката на општина Неготино Марија Нацева присуствуваше на одбележувањето на празникот на општина Конче – 13-ти јули.
Инаку, станува збор за одбележување на јубилеј – 30 години од постоењето и функционирањето на Конче како самостојна општина.
Од страна на домаќинот на настанот градоначалникот на општина Конче во знак на благодарност за одличната соработка помеѓу нашите две општини, на градоначалничката Нацева и беше врачено признание со искрени желби за продлабочување и осовременување на постоечката соработка.
