По загадувањето на водата во главниот водоснабдителен цевковод во Гостивар, општина Неготино меѓу првите во Македонија организираше и достави донација од 22 тони вода на 32 палети за олеснување на секојдневието на гостиварчани кои извесен период се соочуваат со недостиг од чиста вода.
Градоначалничката на општина Неготино Марија Нацева лично присуствуваше во Гостивар при доделувањето на донацијата од вода и пред соговорниците ја искажа подготвеноста на локалната самоуправа и за други видови помош, доколку има потреба од такво нешто.
За време престојот во Гостивар, градоначалничката Нацева оствари работни средби со Мартин Андоновски од Советот на општина Гостивар и со командирот на ТППЕ Гостивар и од нив беше информирана за актуелните случувања на терен.
