Проектот е реализиран со цел за за значително подобрување на јавната хигиена на локално ниво.
Станува збор за проект кој министерството го реализираше во соработка со Светска банка и претставува инвестиција од 4,2 милиони евра за набавка на вкупно 49 нови специјализирани комунални возила кои се распределија со цел за модернизација на локалните комунални претпријатија.
Градоначалничката на општина Неготино Марија Нацева присуствуваше на настанот кој се одржа во Скопје, а новото комунално возило ќе биде за потребите на ЈП Комуналец Неготино како поддршка за модернизација на претпријатието и поефикасно извршување на секојдневните обврски за да имаме чиста и уредена општина.
