Поради одвивање на интензивни градежни работи во централното градско подрачје и оние кои допрва треба да започнат ( изградба на нов градски плоштад, рехабилитација и реконструкција на главната улица Маршал Тито и други ), општина Неготино донесе одлука оваа година традиционалниот Неготински панаѓур да се одржи на локацијата на просторот на СРЦ МЛАДОСТ, односно на просторот околу спортската сала Младост.
Во тек се активности за што е можно подобра организација на најстарата манифестација во нашата општина и овозможување услови за непречено одвивање на панаѓурот.
И оваа година постои огромен интерес за закуп на тезги кои поради ограничениот простор ќе бидат лимитирани на околу 350, па токму затоа се информираат заинтересираните правни и физички лица дека распределбата на тезгите ќе се врши од среда 16.09.2026 г. во канцеларијата на ЈП Паркинзи во салата Младост или на лице место на терен.
Распределбата ќе се врши по принципот ,, прв дојден, прв услужен “.
