ул.Ацо Аџи Илов бр.2 1440, Неготино • +389 043/361 – 045
Република Северна Македонија

Општина Неготино

СоопштенијаНовости

О Г Л А С бр. 02/2026 ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ВРЕМЕНО КОРИСТЕЊЕ НА ПОВРШИНА ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА УРБАНА ОПРЕМА – ЛУНА ПАРК

О Г Л А С бр. 02/2026 ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ВРЕМЕНО КОРИСТЕЊЕ НА ПОВРШИНА ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА УРБАНА ОПРЕМА – ЛУНА ПАРК

Врз основа на член 80, член 80-а и член 81 од Законот за градење („Службен весник на Република Македонија“ бр. 130/09, 124/10, 18/11, 36/11, 54/11, 13/12, 144/12, 25/13, 79/13, 137/13, 163/13, 27/14, 28/14, 42/14, 115/14, 149/14, 187/14, 44/15, 129/15, 217/15,226/15, 30/16, 31/16, 39/16, 71/16, 132/16, 35/18, 64/18 и 168/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 244/19, 18/20, 279/20, 227/22, 111/23, 224/24, 224/24, 255/24, 3/25, 17/25, 87/25, 101/25, 250/25, 269/25, 51/26 и 134/26), Стаутот на општина Неготино и член 50 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр.5/02 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.202/24) и Програмата за поставување урбана опрема на јавни површини на градежно изградено и уредено земјиште во градското подрачје на територијата на општина Неготино за време на Неготинскиот панаѓур 2026 година (21-ви, 22-ри и 23-ти септември 2026 година) и поставување на урбана опрема за луна парк, донесена од страна на Советот на општина Неготино на ден 11.09.2026 година, гладоначалникот на општина Неготино објавува:

О Г Л А С бр. 02/2026

ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ВРЕМЕНО КОРИСТЕЊЕ НА ПОВРШИНА ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА УРБАНА ОПРЕМА – ЛУНА ПАРК

Општина Неготино издава простор за поставување на урбана за комерцијално користење, а со цел поставување на луна парк. Локацијата за поставување се поделени по следните зони:

Локацијата и површината на местото за поставување на урбаната опрема – Луна парк, подетално се опишани во делот II точка 2 од текстуалниот дел и нивната местоположба е детално опишана во графичкиот дел од Програмата за поставување урбана опрема на јавни површини на градежно изградено и уредено земјиште во градското подрачје на територијата на општина Неготино за време на Неготинскиот панаѓур 2026 година. Локација за поставување на урбана опрема – луна парк ќе се наоѓа кај стара гимназија. Графичкиот дел е предивден во Програмата за поставување на урбана опрема на јавни површини на градежно изградено и уредено земјиште во градското подрачје на територијата на општина Неготино за време на Неготинскиот панаѓур 2026 година, а е составен дел од овој Оглас.

Барателите кои се заинтересирани за поднесување на понуди треба да ги исполнуваат следниве услови:

  • Да имаат безбедносни сертификати за сите машини кои се поставуваат одделно, согласно Европски стандард за забавни паркови;
  • Да приложат Елаборат за поставување на урбана опрема, со точно определена површина каде е планирано да се поставува урбаната опрема – луна парк.

Од страна на Комисијата формирана од страна на Градоначалникот на општина Неготино со арх. бр. 09-2037/4 од 14.09.2026 година ќе бидат разгледувани прибраните понуди почнувајќи од 14.09.2026 година до 15.09.2026 година до 15:00 часот. На понудите ќе биде впишан архивски број на примање, како и час на прием, со цел да биде запазен принципот прв дојден прв услужен. Доколку првиот барател не ги исполнува горенаведените услови, Комисијата ќе ја усвои следната понуда која ги исполнува условите.

Надоместокот ќе биде пресметан согласно Програма за поставување урбана опрема на територијата на општина Неготино, усвоена од советот на општина Неготино. На избраниот барател ќе му биде издадена пресметка која што ќе претставува предуслов за добивање на Одобрение за поставување на урбана опрема на територијата на општина Неготино. Барателот кој нема да го уплати износот предвиден од Пресметката издадена од градоначалникот на општина Неготино, ќе се смета дека се откажал од намерата за поставување на урбана опрема – луна парк.

Барателите може да ги доставуваат понудите во просториите на општина Неготино.

Прилог 1. Графички дел на Програмата за поставување на урбана опрема на јавни површини на градежно изградено и уредено земјиште во градското подрачје на територијата на општина Неготино за време на Неготинскиот панаѓур 2026 година.

postavuvanje urbana oprema luna park

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email